Сеќавање
Жан-Пол Сартр ( Jean-Paul Charles Aymard Sartre; 21 јуни 1905 - 15 април 1980) бил француски филозоф, писател (драматург и романописец) како и критичар од XX век. Неговото дело ја одбележа средината на векот, а неговиот интелектуален ангажиран живот поттикна разни полемики. Верен на себеси и на своите идеи, секогаш ги одбивал признанијата посебно во 1964 година кога ја одбил Нобеловата награда за литература. Хиперактивна личност, тој е познат по своето дело, особено по неговите филозофски парадигми кои се групираат под името егзистенцијализам, како и по неговиот политички ангажман, радикална левица.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.