Сеќавање
Фрида Кало (шпански: Frida Kahlo), чие целосно име било Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон (Magdalena Carmen Frida Kahlo y Calderón; 6 јули 1907 – 13 јули 1954) била истакната мексиканска сликарка, најпозната по нејзините автопортрети. По инцидентот кој ја приморал со месеци да лежи неподвижна во својот кревет, благодарение токму на таа неподвижност, го открила својот сликарски талент. Мајка ѝ како подарок ѝ дала кревет со балдахин и огледало на горниот дел за да може да се гледа додека слика. На нејзините слики преовладуваат бројни драматични моменти, но и со примеси на фантастични елементи.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.