Сеќавање
Стив Пол Џобс (24 февруари 1955 - 5 октомври 2011) бил соосновач и директор на „Епл“ („Аpple“). Помеѓу 1986 и 2006 година, Стив Џобс бил директор на студиото за анимирани филмови, „Пиксар“. Откако „Дизни“ го купи „Пиксар“ во 2006 година, Стив Џобс е најголемиот акционер, а бил и еден од членовите на акционерскиот одбор на „Дизни“.
Ликот и однесувањето на Џобс допринеле кон создавањето на митот на невообичаени ексцентрици и бизнисмени од Силициумската долина. Тој се залагал за промовирање на значењето на дизајнот и естетиката кога станува збор за креирање на продукти. Неговиот елан за развивање на продукти кои се функционални, но, истворемено и елегантни допринел за создавањето на култни следбеници на Стив Џобс.
Стив Џобс и соосновачот на „Епл“, Стив Возниак помогнале да се популаризира персоналниот компјутер кон крајот на 1970–тите. Во раните 1980–ти, Џобс бил меѓу првите кои го сфатиле потенцијалот на графичките оперативни системи кои биле контролирани со помош на компјутерскo глувче или маус. Откако Џобс бил протеран од акционерскиот одбор на „Епл“ во 1985 година, тој го основал „Некст“, компанија која развивала компјутерски системи наменети за образовните и деловните пазари. Во 1997 година, „Епл“ го купил „Некст“ и Стив Џобс повторно бил назначен за директор на „Епл“, функција која ја држел сé до август 2011 кога поради здравствени причини поднел оставка.
Починал на 5 октомври 2011 од рак на панкреасот.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.