Сеќавање
Васил Иљоски (Крушево, 20.12.1902 - Скопје, 1.11.1995) – македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и академик. Тој е еден од втемелувачите на македонската драмска литература. Автор на првото драмско дело на македонски јазик прикажано на сцената на Кралскиот скопски театар меѓу двете светски војни. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Долги години работел како професор на Вишата педагошка школа (сегашен Педагошки факултет) во Скопје. Еден е од основачите на ДПМ во 1947 година, а станува прв член на МАНУ непосредно по нејзиното формирање. Васил Иљоски цели пет децении му останува верен на литературното македонско драмско творештво.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.