Сеќавање
Христофор Жефарович е роден вероjатно во краjот на XVII век во Дојран. За прв пат неговото име се спомнува во Белград во 1734 година, каде бил веќе бил прочуен како зограф (сликар). Бил истовремено трговец на книги и богослужбени предмети и уметник. Негови дела се манастирите во Боџани и Шиклош во Војводина, како и една црква во Кожани. По 1740 претежно работил по креирањето на книги во соработка со српскиот патријарх Арсениј IV. Како монах и свештеник ја превел и насликал прочуената „Стематографија“ (грбовник) од оригиналот на хрватскиот илирски хералдичар Павле Ритов Витезовиќ (1652-1713), издадена во Виена во 1741 година. "Стематографија" содржа галериjа со ликови на балкански цареви и светии, грбовник на земите од Источна Европа и белешки кон грбовникот. Кон секој грб има и по една стихотворба, која ги опишува нивните историjа и симболи, исто така превод од делото на Витезовиќ.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.