Сеќавање
Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан-паша и Старикот (18 мај 1872 - 10 април 1915) — македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација.
Роден е во селото Влахи, Пиринска Македонија, во семејството на Иван Сандански. Во текот Руско-турската војна од 1877 година, неговите родители и соселани биле принудени да избегаат во Горна Џумаја. Неговиот татко бил знаменосец на една од македонските чети во Кресненското востание. По задушувањето на востанието, семејството Сандански се засолнало во Дупница, каде Јане го минал детството. Таму, тој завршил основно училиште и два класа од прогимназијата, а подоцна станал кондураџиски чирак и му помагал на својот татко во полските работи. Во 1892 година, бил регрутиран во бугарската армија. По завршувањето на воената служба, станал молбописец кај својот чичко Спас Харизанов, адвокат и поранешен македонски учител.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.