Сеќавање
Љупка Димитровска (25 јули 1946 - 3 октомври 2016) — македонска пејачка на забавна музика. Позната била ширум територијата на поранешна Југославија. До крајот на својот живот, живеела во Загреб, каде била исто така познат изведувач на хрватски јазик. Нејзин сопруг бил Никица Калоѓера, кој починал во 2006 година. Својата најголема популарност ја стекнала во 1970-те и 1980-те години. Еден од нејзините најголеми хитови е мелодијата Ѕвонат ѕвонат изведена 1990 г. на „Макфест“ во Штип.
*Да можете да праќате пораки под Тажната вест/Тажниот помен, или да приложите свеќа потребно е да сте најавени на веб страната. Ако немате корисничка сметка тогаш регистрирајте се бесплатно.